1 Боже! Суди ме право, и заштити го моето дело против нечесен народ. Избави ме од лукав и неправеден човек!
2 Зашто, Ти си Боже, моја крепост; зошто ме отфрлаш? Зошто одам натажен, притиснат од непријателите?
3 Испрати ги Својата светлина и вистина: нека ме водат нека ме одведат во Твојата Света Гора, во Твоите живеалишта.
4 Тогаш ќе му пристапам на Божјиот жртвеник, при Бога - моја величествена радост. Со псалтир ќе Те славам, Боже, О Боже мој!