6 Таму ги опфати трепет, како болки на родилка,
7 како кога источниот ветер, ги крши тарсиските бродови.
8 Што чувме, сега гледаме: градот на Господа на Воинствата, градот на нашиот - Бог Бог го зацврстува довека.
9 Си спомнуваме Боже, за Твојата благост, среде Твојот Храм.
10 Како Твоето име, Боже, така и Твојата слава стигнуваат до крајот на земјата. Твојата десница е полна со правда.
11 Нека се весели Сионската Гора, нека се радуваат Јудините ќерки заради Твоите судови!
12 Обиколете го Сион и поминете преку него, пребројте ги неговите стражарници!