8 Ти ги изброи дните на моите скитања, ги собра моите солзи во Твојот сад; не е ли запишано сè во Твојата книга?
9 Моите непријатели ќе се повлечат, штом ќе Те повикам. Од ова знам дека Бог е за мене!
10 Го славам Божјото слово, го славам Господовото слово.
11 Се надевам на Бога и нема да се плашам: што може да ми направи човек?
12 Ме врзуваат заветите што Ти ги направив Тебе, о Боже, ќе Ти принесам благодарни жртви,
13 зашто ми ја спаси душата од смрт. Ти ги запази моите нозе од паѓање за да одам пред Бога, во светлината на живите.