2 Смилувај ми се, Господи, зашто сум изнемоштен, Господи, исцели ме, зашто моите коски треперат.
3 Исто и мојата душа е силно потресена; а Ти Господи до кога?
4 Врати се, Господи, избави ми ја душата; спаси ме заради Твојата милост,
5 зашто во смртта не спомнуваат за Тебе; кој ќе Те слави во Подземјето?
6 Се заморив од своите воздишки; секоја ноќ ја залевам со плачење својата постела; со солзи го натопувам своето легло.
7 Моето око гасне и слабее од жалост, зашто се многу моите непријатели.
8 Отстапете од мене сите, што правите беззаконие зашто Господ го чу мојот плач.