6 Се заморив од своите воздишки; секоја ноќ ја залевам со плачење својата постела; со солзи го натопувам своето легло.
7 Моето око гасне и слабее од жалост, зашто се многу моите непријатели.
8 Отстапете од мене сите, што правите беззаконие зашто Господ го чу мојот плач.
9 Господ ја чу мојата молба; Господ ја прими мојата молитва!
10 Нека се засрамат и нека се збунат сите мои непријатели; нека се вратат назад, нека се засрамат веднаш!