3 Му навали зла коб на Твојот народ, нè напи со вино што омајува.
4 Им даде знаме на оние кои се бојат од Тебе, за да избегаат пред непријателскиот лак.
5 За да се избават Твоите возљубени, помогни со Твојата десница, послушај ме.
6 Бог рече во Своето Светилиште: „Ќе го поделам Сихем со радосни извици, ќе ја измерам долината Сокхот.
7 Мој е Галад, Мој е Манасиј, Ефрем Ми е кацига, - Јуда Мој жезал.
8 Моав е сад од кого се мијам, врз Едом ќе ги фрлам Моите обувки, ќе славам победа над Филистејците!”
9 Кој ќе ме доведе до утврдениот град? Кој ќе ме доведе до Едом?