12 Кои седат пред вратата, зборуваат против мене, пијаниците ми пеат шеговити песни.
13 Но Тебе Ти се молам, Господи, во време на милоста Боже; услиши ме според Твојата голема добрина, според верноста на Твоето спасение!
14 Извлечи ме од калта, за да не потонам, избави ме од оние што ме мразат - од длабоките води.
15 Не оставај да ме покријат брановите, не оставај да ме проголта длабочината, не оставај бездната да ја затвори устата над мене!
16 Услиши ме, Господи, зашто е благо Твоето милосрдие, погледај на мене, според Твојата голема милост!
17 Не го скривај лицето пред Твојот слуга; зашто сум притеснет, услиши ме брзо!
18 Приближи и се на мојата душа и спаси ја; ослободи ме заради моите непријатели!