28 Нека бидат избришани од книгата на живите, нема да бидат вброени меѓу праведниците.
29 А јас сум беден и болен - нека ме штити Твојата помош, о Боже!
30 Ќе Го фалам Божјото име со песни, ќе Го величам со зафалници.
31 Тоа ќе Му биде помило на Господа отколку жртвен бик, помило од јунец со копита и рогови.
32 Гледајте, бедни, и радувајте се, нека ви оживее срцето на сите, кои Го барате Бога.
33 Зашто Господ ги слуша сиромасите, Тој не ги презира Своите пленици.
34 Нека Го фалат небесата и земјата, морињата и сè што се движи во нив.