4 Твоите противници викаа на средина на Твоето собрание, своите знаци ги поставија како знаци на победата.
5 Беа како оние што мавтаат со секира по густи шуми.
6 И сега со секира и чекан ги кршеа резбите.
7 Го предадоа на оган Твоето Светилиште, го онечистија до земја Живеалиштето на Твоето име.
8 Рекоа во своето срце: „Ги истребивме заедно; изгорете ги сите Божји светилишта на земјата!”
9 Не ги гледавме своите знаци, нема веќе пророци, и никој меѓу нас не знае до кога...
10 О Боже, уште до кога непријателот ќе се потсмева? Дали непријателот ќе го презира Твоето име довека?