6 за да знае идното поколение, и синовите што ќе се родат, да им раскажуваат на своите деца,
7 својата надеж да ја положат на Бога и да не ги забораваат Божјите дела, туку да ги исполнуваат Неговите заповеди,
8 и да не бидат - како нивните татковци - упорно и непокорно поколение. Поколение непостојано со срцето и со духот неверно на Бога.
9 Ефремовите синови, воини со лакови, ги свртија плеќите во денот на битката.
10 Не го додржаа Заветот со Бога и не сакаа да одат според Неговиот Закон.
11 Ги заборавија Неговите дела, чудата што им ги покажа.
12 Пред нивните очи правеше знаци во Египет, во Полето Зоан.