11 Пејте Му на Господа, Кој живее на Сион, разгласете ги Неговите дела меѓу народите;
12 зашто си спомнува за нив како одмаздникот за крв, и не го заборава викањето на бедните.
13 Смилуј ми се Господи: погледај на моето страдање од моите непријатели; Ти, Кој ме избавуваш од вратите на смртта;
14 за да ги навестувам сите Твои пофалби во вратите на Сионовата ќерка, за да се радувам поради Твојата спасителна помош.
15 Народите паднаа во јамата, што сами ја ископаа; стапицата што ја ставија тајно, ја фати нивната нога.
16 Го познаа Господа - Тој судеше; грешникот се заплетка во сопствените дела.
17 Безбожниците ќе се вратат во подземјето, сите народи што Го забораваат Бога.