3 Моите непријатели се вратија назад, паднаа и загинаа пред Твоето лице.
4 Зашто Ти ги заштити моето право и моето дело, Ти седна на престолот и пресуди праведно:
5 ги изобличи народите, ги истреби нечесните, им го избриша името, за вечни векови.
6 Непријателите исчезнаа - запустени засекогаш; Ти им ги разурна градовите - и споменот им го снема.
7 Но Господ царува секогаш, го подготви Својот престол за судење.
8 И ќе му суди на целиот свет со правда, ќе ги осуди народите справедливо.
9 Господ е засолниште на угнетуваните, тврдина на спасението во тешки денови.