6 Непријателите исчезнаа - запустени засекогаш; Ти им ги разурна градовите - и споменот им го снема.
7 Но Господ царува секогаш, го подготви Својот престол за судење.
8 И ќе му суди на целиот свет со правда, ќе ги осуди народите справедливо.
9 Господ е засолниште на угнетуваните, тврдина на спасението во тешки денови.
10 Во Тебе се надеваат оние, кои го знаат Твоето Име, зашто не ги оставаш оние, кои Те барат Господи!
11 Пејте Му на Господа, Кој живее на Сион, разгласете ги Неговите дела меѓу народите;
12 зашто си спомнува за нив како одмаздникот за крв, и не го заборава викањето на бедните.