2 Господ го објави Своето спасение, ја откри Својата правда пред народите.
3 Си спомна за милоста и верноста кон Израелевиот Дом. Сите краишта на земјата го видоа спасението на нашиот Бог.
4 Воскликни Му на Господа, цела земјо; радувај се, викај весело и пеј!
5 Запејте Му на Господа со псалтир, со псалтир и со глас на псалмопеење;
6 со звуците на трубите и роговите: викајте радосно пред Царот - пред Господа!
7 Нека шуми морето и што е во него, земјата и нејзините жители!
8 Нека ракоплескаат реките, нека се радуваат ридовите, заедно со нив!