1 Господ царува - нека треперат народите; седи над херувите, нека се потресе земјата!
2 Господ е велик на Сион, возвишен над сите народи.
3 Нека го слават Твоето велико и страшно име: тоа е свето!
4 Ти си моќен Цар, Кој љубиш што е право, Ти ја утврди праведноста; Ти извршуваш правда и справедливост во Јакова.